Христијан Илиоски со победа се врати на мото-крос трките по три години

Еден од најдобрите мото-крос возачи во историјата, Христијан Илиоски се врати на натпреварувањата по тригодишна пауза. На трката во Скопје, Илиоски победи со време 24:04.80 минути, потврдувајќи дека брзината и мото-кросот му се крвта.

На второто место заврши Гоце Томовски, а Благојче Спировски го освои третото место.

Победата на Илиоски добива на тежина, бидејќи е остварена со проблем со моторот во полн ек на трката. Христијан возеше со мотор стар тринаесет години и наскоро треба да добие нов мотор за следните натпреварувања.

Враќањето на битолчанецот на мото-патеките е одлична вест за нашиот спорт, бидејќи се работи за врвен талент и голем потенцијал.