• Горан Упале
Најдобриот македонски мото-крос возач во историјата, Христијан Илиоски – Кико од следната сезона ќе ги брани боите на Triumph Racing од Македонија.
Скопскиот тим со соопштение го најави големиот трансфер.
„Со огромна гордост и возбуда, го претставуваме официјалениот натпреварувач за Triumph Racing од Македонија за 2026 година, Христиан Илиоски! Неговата неверојатна палета на вештини, докажана низ категориите MX85, MX1, MX2 и MX, го прави совршен пилот за да ја води нашата револуционерна TF450-X до нови врвови.
Христијан Илиоски ќе биде клучен дел од нашиот тим, освојувајќи ги европските трки, со мотоциклот создаден да победува. TF450-X е изграден околу најдобрата мотокрос светска технологија, а сега добива и срце кое знае како да победува. Добредојде во фамилијата, Христиан! Го чекаме твојот прв настап во боите на Triumph Racing“ тимот“, се вели во соопштението на клубот.
Илиоски е легенда на македонските и регионалните мотокрос трки, со над 102 титули и бројни победи на престижните БМУ европски шампионати.