Христијан Илиоски – Кико од Турција се врати со две втори места

Најтрофејниот македонски мотоциклист Христијан Илиоски – Кико продолжува со одличните настапи меѓународна сцена, откако освои две втори места на трките во Афионкарахисар, Турција, во рамки од БМУ Европскиот шампионат.

Илиоски и покрај големата конкуренција успеа да се избори за два подиуми и да ја потврди својата форма оваа сезона. 

Овој резултат претставува уште еден значаен успех за Илиоски, кој со години наназад е еден од најдоминантните и најуспешни мотоциклисти во Македонија, а воедно и редовен учесник на меѓународни натпревари.