• Зоран Мишевски
Минатиот викенд се одржа петата и шестата рунда од ФИМ Европскиот шампионат на легендарната патека Брно во Чешка. Од таму Христијан Бузалковски се врти со двоен подиум на Европскиот шампионат во класата суперсток 1.000.
Моментално Бузалковски е на втората позиција во генералниот пласман со освојување на второ и трето место во главните трки и едно трето место во спринт-трката.
„Ова можеби беше еден пд најдобрите тркачки викенди за мене и за мојот тим. Уште од првиот слободен тренинг бевме компетитивни, најдовме идеален сетап и знаевме во која насока движиме. Иако уште имаме минимални проблеми сo предниот дел на моторот, сепак успеавме да извозиме две одлични главни трки ,една спринт трка и да го оствариме подиумот трипати. Огромна благодарност до мојот тим за целокупната работа целиот викенд, моите спонзори и поддржувачи“, рече Бузалковски.
До крајот на сезоната остануваат уште четири трки и една спринт трка. Христијан уште во борба за титулата заостанува само 20 бода позади водечкиот во шампионатот .