Христијан Бузалковски ги освои првите бодови на Алпе Адриа!

Христијан Бузалковски со својот Team Seventy One, викендов настапи на третата и четвртата трка од Алпе Адриа Европскиот шампионат, кој што се возеше на добро познатата светстка патека ТТ Асен, Холандија оствари одличен резултат. 

Нашиот најмлад и најуспешен натпреварувач во брзински моторциклизам во конкуренција од 40 возачи, на првата трка стартуваше од 11-тата позиција.

Но, поради лошиот старт заврши на 16-тото место,додека во втората трка стартуваше од 17-тата позиција и успеа да дојде до 13-тото место, што е историски резултат за македонскиот брзински моторциклизам.

Бузалковски по трката изјави дека е задоволен од своето возење и верува дека ќе продолжи во ист ритам и во текот на летните трки.