Хорнер: Се обидовме да го задржиме Рикардо, но...

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека тој и неговиот тим се обиделе да го убедат Даниел Рикардо да остане во тимот и наредната сезона, но на крајот Австралиецот завршил во редовите на Рено.

Преговорите меѓу Рикардо и Ред бул траеле неколку недели и иако се очекуваше во текот на летниот период да биде потпишан нов договор, на крајот до тоа не дојде.

„Мислам дека направивме се за да го убедиме Рикардо и во новата сезона да биде наш член. На крајот од преговорите изјави дека не е до нас, дека тој одлучил да замине. Мислам дека му беше потребен нов предизвик, а воедно мислам дека беше загрижен и поради големиот напредок на Макс Верстапен и стравуваше за својата позиција во тимот“, изјави Хорнер.

Во новата сезона во Формула 1 за тимот на Ред Бул покрај Макс Верстапен во тимот ќе биде и Пјер Гасли.