Хорнер: Макс е „ладен“ и може да ги издржи сите психолошки игри на Мерцедес

Макс

До крајот на тековната Формула 1 сезона остануваат уште шест трки. Лидер во генералниот пласман е Луис Хамилтон, кој го презеде првото место со победата во Русија.

Негов најголем конкурент е Макс Верстапен од Ред Бул. Психолошките игри меѓу големите ривали траат цела сезона, а така се очекува да биде и во самата завршница.

„Макс има способност да се справи со притисокот, тоа го видовме во Холандија. Тој беше исклучително импресивен и во Австрија. Макс не го одвлекува ништо, психолошките игри го прават да биде „ладен“.

Тој вози подобро од било кога и сега е подготвен за титулата. Тимот е мотивиран. Оваа битка е одлична забава за секого. Во екипата може да се почувствува напнатост, таа е заразна“, изјави првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Големата награда на Турција е следна на календарот и ќе се вози на 10 октомври.