Хорнер: Леклерк ќе го натера Фетел да вози на повисоко ниво

Хефнер Фетел

Ако постои човек кој добро го познава Себастијан Фетел, тогаш тоа е шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер. Овој пар неколку сезони владееше со Формула 1 шампионатот пред германскиот пилот да се пресели во Ферари

Првиот човек на Ред Бул смета дека притисокот кој што ќе го направи младиот и талентиран возач Чарлс Леклерк врз Себастијан Фетел ќе биде од корист за екипата.

„Чарлс има несекојдневен талент. Спортот може да биде горд на момците како него. Фетел има 31 година и доколку сака да го задржи статусот на прв возач во Ферари ќе мора да вози на повисоко ниво оваа сезона. Леклерк тоа ќе го предизвика кај него. Притисокот од младите возачи врз постарите го прави ова натпреварување уште подобро. Фетел имаше целосна контрола во директниот дуел со Раиконен. Можеби ќе мора да работи понапорно сега кога покрај себе ќе го има Леклерк. На крај за него целата ситуација може да биде позитивна“ , вели Хорнер.

Италијанската екипа посакува конечно да стави крај на доминацијата на Мерцедес и Луис Хамилтон.