Хорнер: Алонсо нема да биде замена за Рикардо, не сакаме хаос во тимот

Првиот оперативен на Ред Бул, Кристијан Хорнер ја отфрли можноста Шпанецот Фернандо Алонсо од наредната сезона да биде нивни возач.

Откако Даниел Рикардо објави дека заминува од тимот, веднаш се започна со лицитирање на имиња кои ќе бидат негова замена, но тоа никако нема да биде Алонсо.

„Го почитувам Фернандо, тој е навистина фантастичен пилот. Но тешко дека таа соработка би вродила со успех, тој предизвикува хаос насекаде. Не сум сигурен дека неговото доаѓање би било добро за тимот“, изјави Хорнер.

До крајот на сезоната ќе биде познато кој ќе го замени Рикардо, а една од опциите е тоа да биде и некој млад возач.