Хорхе Мартин освои пол-позиција за трките во Австрија

Хорхе Мартин ја освои пол-позицијата за спринт трката и главната трка за Големата награда на Австрија во Мото ГП шампионатот. Возачот на Априлиа до најдоброто време на патеката во Шпилберг стигна со 1:27,917 минути, што е негова трета пол-позиција сезонава.

Марк Маркез со својот Дукати заврши втор со само 0,015 секунди заостанување, додека третото место му припадна на Педро Акоста од КТМ, кој имаше 0,071 секунди послабо време од победникот во квалификациите.

Спринт трката во Австрија е закажана за денеска од 15:00 часот, а главната трка ќе се вози утре од 14:00 часот.

Во генералниот пласман Марк Маркез и Хорхе Мартин имаат по 274 бодови, додека трет е Марко Бецеки со 241 бод.