Хорхе Мартин освои пол-позиција за трката во Асен

Хорхе Мартин ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Холандија, откако беше најбрз во квалификациите на патеката во Асен.

Возачот на Априлиа до својата прва пол-позиција оваа сезона стигна со време од 1:30.812 минути, оставајќи ја конкуренцијата зад себе во исклучително неизвесни квалификации.

На само 0.011 секунди зад Мартин заврши Аи Огура од Трекхаус, додека третото место му припадна на Марко Бецеки, исто така возач на Априлиа, кој заостана 0.033 секунди. Актуелниот шампион Марк Маркез немаше најдобар настап во квалификациите и ќе стартува од седмата позиција.

Спринт-трката за Големата награда на Холандија е на програмата денес од 15:00 часот, додека главната трка ќе се вози в недела со почеток од 14:00 часот.

Во генералниот пласман води Марко Бецеки со 180 бодови, пред Хорхе Мартин со 172, додека трет е Фабио ди Џанантонио со 157 бодови.