Хорхе Мартин ја потврди доминацијата во Мизано

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин ја комплетираше двојната победа на Големата награда на Сан Марино и Римини, откако по спринтот, попладнево беше најдобар на главната трка во Мизано.

На патеката „Марко Симончели“, Шпанецот го оствари вториот триумф сезонава, а трет во кариерата во најсилната, „кралска“ класа.

Најблиску до Мартин беше Марко Бецеки од тимот на ВР46, кој заостана секунда и пол и заврши на втората позиција, додека на третото скалило на подиумот се искачи бранителот на титулата Франческо Бањаја.