• Саше Љолес
Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, го комплетираше двојниот триумф на трката за Големата награда на Франција во Мото ГП шампионатот.
Шпанецот славеше и на вчерашниот спринт, а денешната победа за него е втора во сезоната. Мартин беше за четири ипол десетинки побрз од Марк Маркез, додека на третото место се најде актуелниот шампион, Франческо Пеко Бањаја.
Последните неколку кругови донесоа огромна борба помеѓу тројцата возачи, но најуспешен на крајот беше Мартин, кој сега им 129 бода на првата позиција во генералниот пласман, а зад него се Бањаја со 91 бод и Маркез, кој има два помалку.