Хонда спои братски тандем, Марк ќе вози со Алекс Маркез

Екипата на Хонда брзо ја најде замената за Хорхе Лоренцо и потврди ангажман на братот на Марк Маркез, Алекс Маркез.

Лоренцо по последната трка најави дека оди во пензија, а од Хонда не чекаа долго да најдат нов возач, Младиот Шпанец доаѓа од Мото2 шампионатот, а со Хонда Репсол се обврза на договор за едногодишна соработка.

Ова е првпат во историјата како двајца браќа ќе возат за ист тим во МотоГП. Хонда формира супер-тандем, ако се земе предвид дека Алекс беше одличен во Мото2 шампионатот, а Марк Маркез е осумкратен светски шампион.