Хонда потпиша со светскиот прва од 2021 година

Фабио Квартараро од сезоната 2027 ќе биде нов возач на фабричкиот тим на Хонда во МотоГП шампионатот, откако јапонскиот производител потврди дека со Французинот е потпишан двегодишен договор. Светскиот шампион од 2021 година ќе биде еден од главните адути во новиот проект на Хонда, кој започнува со воведувањето на новите мотоцикли со мотори од 850 кубни сантиметри од 2027 година.

Квартараро во Хонда пристигнува по неколку сезони во Јамаха, а во својата МотоГП кариера има 11 победи, 32 пласмани на подиумот и 21 пол-позиција. Во тековната сезона е најдобро пласираниот возач на Јамаха, но сè уште нема освоено подиум.

Од Хонда соопштија дека Французинот ќе биде дел од фабричкиот тим во сезоните 2027 и 2028.

Во меѓувреме, останува отворено прашањето кој ќе биде негов тимски колега, бидејќи за второто место во фабричкиот тим конкурираат Давид Алонсо и Диого Мореира.