Хонда го претстави „дрим-тимот“: Маркез и Лоренцо првпат ќе возат за иста екипа

Лоренцо и Маркез

Шампионската екипа на Репсол Хонда денес официјално го претстави моторциклот за новата сезона, но и новиот колега на Марк Маркез, неговиот сонародник Хорхе Лоренцо.

Она што се чинеше дека е невозможно сега е реалност, а двата пилоти зад себе имаат 12 шампионски титули. Овој пар се очекува да ја продолжи доминацијата на екипата и во новата Мото ГП сезона која започнува со трката во Катар на 10 март.

Шпанците во последните неколку години беа лути ривали на патеките, но сето тоа го оставија зад себе и потврдија дека се задоволни од работата на тимот и шансите за успех во новата сезона.

Лоренцо има мала повреда на раката поради која правеше операција, но очекува да биде максимално подготвен за првата трка.