Холандско разочарување за Британците во квалификациите на „Силверстоун“!

Шампионот Макс Верстапен нема најбрз болид, веројатно Ред Бул не е ниту во „топ 3“ според брзината, а тоа не го спречи Холанѓанецот да блесне и да ја грабне пол-позицијата за трката на „Силверстоун“.

Квалификациите за трката за Големата награда на Обединетото Кралство беа навистина возбудливи. Според тренинзите се очекуваше британска борба на Ландо Норис и Луис Хамилтон за првото место, ама на крајот следуваше холандско разочарување за домашната публка. Верстапен последен го заврши својот круг и му ја „украде“ пол-позицијата на Оскар Пиастри во фото-финиш со најбрзо време 1:24,892. 

Од втората позиција ќе тргне Австралиецот пред тимскиот колега Норис, а заостаток помал од три десетинки имаа и Џорџ Расел, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Во топ десет се пласираа уште Антонели, Берман, Алонсо и Гасли. 

Трката на култната патека ќе се вози в недела од 16:00 часот.