Хил: Норис ја мина главната пречка, може да освои уште три-четири титули!

Легендарниот поранешен светски шампион, Дејмон Хил, верува дека актуелниот првак во Формула 1, Ландо Нориc, не само што освои една титула, туку има потенцијал да продолжи да доминира уште подолго време. Хил оценува дека најтешкиот ментален праг е преброден и тоа може да му отвори пат кон уште три или четири шампионски титули во кариерата.

Според Хил, освојувањето на првиот шампионски пехар е голема бариера за секој возач, а откако тој успех е постигнат, се создава самодоверба што може да поттикне уште поголеми успеси. Тој го спомена и примерот на други големи шампиони кои, откако ја почнале својата доминација, продолжиле да освојуваат титули.

„Ландо покажа дека е светска класа. Сега знае дека е шампион и ја мина основната пречка. Има потенцијал да биде доминантен, видете само како возеше оваа сезона. Се надевам дека ќе се радуваме на уште многу негови титули“, рече Хил. 

Нориc ја освои својата прва светска титула во драматична завршница на сезоната 2025, што го вметна меѓу најдобрите возачи во историјата на спортот. Во следните сезони ќе се покаже дали оваа поддршка и процена ќе се претворат во уште повеќе успехи за возачот на Мекларен.