Хет-трик на Мартин Делев на TWINGO CUP

Мартин Делев триумфираше и на третата сезонска трка на TWINGO CUP, што се одржа денеска на Водно во Скопје. Откако двапати беше најбрз на кружните трки на патеката во Кичево, Делев денес се докажа и на ридската патека.

Тој го освои првото место со вкупно време на двете трки од 5:36.64 минути, додека зад него финишираше Емил Нацка (5:38.11 минути), а на подиумот како третопласиран се искачи и Слободан Трајковски (5:39.20 минути). 

Од четвртото до осмо место се пласираа Давид Малинковски, Владимир Тренески, Сашо Кочовски, Никола Тоневски и Ненад Костовски, додека пак Ангелче Стојковски не ја заврши трката.

Следната трка на TWINGO CUP е закажана на 1 септември на Ушче во Белград.