Хаотичниот спринт во Мајами за Норис, трето место за Хамилтон

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, дојде до победа на спринт трката во Мајами како увертира за трката на ГН на САД која се вози утре.

Иако Оскар Пјастри водеше во поголемиот дел од трката, до победата дојде Норис благодарение на ситуацијата во боксот на три круга пред крајот и безбедносното возило заради инцидент на патеката. Третото место беше резервирано за Луис Хамилтон од Ферари.

По третопласираниот Хамилтон, на спринтот следуваа Албон, Расел, Строл, Лаусон, Берман, Цунода, а во топ десет имаше место и за Антонели.