• Мартин Танасковски

Италијанскиот мотоциклист Марио Бецеки е победник на МотоГП трката која се возеше за ГН на Франција во Ле Ман и беше јубилејна 1.000 во овој шампионат.
Трката ја одбележаа голем број на падови и инциденти, а уште на стартот актуелниот првак Бањаја се судри со Вињалес и нивната расправија за малку не прерасна и во физички судир.
Безеки на лидерската позиција заврши пред Хорхе Мартин, а подиумот го комплетира Јоан Зарко. Бодови имаше и за Аугусто Фернандез, Алеиш Еспаргаро, Бред Бајндер, Фабио Квартараро, Фабио Ди Џанантонио, Такаки Накагамаки и Франко Морбидели.
Сега следи неколкунеделна пауза од МотоГП, а следната трка е во Италија на 11 јуни.