Хамилтон за инцидентот со Леклер: Не се тркам валкано, а другите...

Луис Хамилтон ги смири навивачите на Ферари и порача дека нема причина за загриженост поради тензиите со тимскиот колега Шарл Леклер.

Двајцата возачи имаа жесток дуел уште во првата кривина на трката во Монца. Леклер стартуваше трет, а Хамилтон четврти, но по контактот Британецот излета од патеката и падна на десеттото место. Инцидентот подоцна беше анализиран од стјуардите. За Леклер трката заврши многу порано од очекуваното, откако доживеа тежок инцидент во кривината „Параболика“.

Седумкратниот светски шампион беше прашан дали навивачите на Ферари треба да стравуваат од дополнителни тензии меѓу него и Леклер. Британецот призна дека инцидентот со Леклер бил „многу лош за тимот“, но истакна дека потоа се обидел да се фокусира на трката.

„Јас не се тркам валкано. Отсекогаш сум се тркал чисто и фер и секогаш сум оставал доволно простор, така што не мислам дека треба да се грижат поради мене. Дојдов во овој тим со намера да го почитувам просторот на другиот возач и да не го загрозувам тимот. Сè уште стојам зад тоа. Очигледно е дека тоа многу нè врати назад. Потоа се обидов да се ресетирам и влегов во борба. Грипот беше добар и болидот генерално делуваше солидно во свиоците. Но, на правците едноставно ни бегаа. Знаевме дека се брзи, но беше неверојатно колку беа брзи моќта на моторот на Мерцедес само продолжува да влече“, додаде Хамилтон.

На крајот на трката Луис Хамилтон заврши на шестата позиција.