Хамилтон: Во 2007 ја загубив титулата во боксот, денес ризикував и победив!

Луис Хамилтон ја обезбеди својата седма титула во Формула 1, со што се израмни на вечната листа со Михаел Шумахер. Британецот одново покажа дека му нема рамен во моментов и, иако се мачеше стигна до триумф на мократа патека во Истанбул. 

По трката и обезбедувањето на четвртата титула во низа, Хамилтон беше скромен и се заблагодари на сите, а се осврна на фактот дека денес возеше преку 50 кругови со исти пневматици и ризикуваше.

„Дефинитивно немам зборови. Морам да стартувам со благодарност до тимот и публиката, за можноста да возам и да бидам дел од Мерцедес. Размислував на вакви нешта кога бев млад и ги гледав трките на телевизија, па се надевам дека сега мотивирам деца да не се откажуваат во животот. 

Беше тежок викенд, се разочаравме со квалификациите, ама научивме многу. Во нашиот тим нема обвинување и се обидовме да ја подобриме комуникацијата и да биде перфектно. Имав мали моменти на нестабилност, мислев дека нема да успеам, ама ја задржав главата долу и работев на подобрување. 

Во 2007 година ја загубив титулата во боксот и научив многу од тоа, па сега направив поинаква одлука“, смета Хамилтон.

Математички, Хамилтон се одлепи пред тимскиот колега Ботас, а следната трка е за две седмици во Бахреин.