Хамилтон верува дека му преостануваат уште пет години во Ф1

Луис Хамилтон пензија

Британецот Луис Хамилтон важи за еден од најдобрите пилоти кои некогаш се појавиле во Формула 1 шампионатот.

Зад своето име има пет шампионски титули и се очекува да ја освои шестата на крајот од оваа сезона. Каде ќе му биде крајот и кога ќе се пензионира, британскиот возач откри во интервју по трката во Монако.

„Михаел се пензионира на 38 години, а јас имам само 33. Мислам дека можам да продолжам во исто темпо во наредните пет години. Одлучен сум дека сакам да продолжам да победувам.

Ќе бидам дел од Ф1 спортот додека не престанам да уживам во тоа. Тоа ќе биде знакот дека треба да заминам во пензија“, вели петкратниот шампион.

Целта на Хамилтон е да ги достигне рекордните седум трофеи на Шумахер, кој се наоѓа на врвот на вечната листа.