Хамилтон урна еден рекорд на Шумахер и „лови“ уште еден

Британскиот Ф1-возач Луис Хамилтон има одлична сезона, а веќе почна да урива и рекорди на легендарниот Михаел Шумахер.

Петкратниот светски првак на трката за ГН на Монако дојде до својата 59. пол-позиција во кариерата и сега има една повеќе од легендарниот германски пилот кој е во кома поради незгода за време на скијање.

До крајот на сезоната, Хамилтон напаѓа уште еден рекорд на Шумахер, а тоа е бројот на победи. Британецот има 77 победи зад своето име и има 14 помалку од Германецот.

До крајот на сезоната има уште 15 трки.