Хамилтон стана шести возач со 300 трки во кариерата

Хамилтон

Луис Хамилтон на трката во Франција стигна до јубилејна бројка во кариерата. Возачот на Мерцедес заврши на второто место, зад победникот Макс Верстапен.

Седумкратниот шампион стана шестиот возач со барем 300 трки во кариерата. Оваа граница претходно ја достигнале само Михаел Шумахер, Фернандо Алонсо, Кими Раиконен, Џенсон Батон и Рубенс Баричело.

Оваа сезона не оди според планот за Хамилтон. Проблемите на почетокот од сезоната го спречија одново да е дел од врвот и да се бори за рекордната осма шампионска титула.

Досега британскиот возач има остварено 103 победи и 187 пласмани на подиумот.