Хамилтон без едно тркало победи на „Силверстоун“, катастрофа на Ботас

Луис Хамилтон тргна од првата позиција на трката за ГН на Велика Британија и успеа да забележи нов триумф во новата сезона на легендарната патека „Силверстоун“.

Британецот на домашно тло забележа триумф, иако на дваесетина секунди пред финишот на трката му експлодира левата гума и едвај финишира. Второто место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул кој го имаше и најбрзиот круг, додека третопласиран е Чарлс Леклерк.

Катастрофа на оваа трка доживеа финскиот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, кој на два круга пред крајот го собори левото тркало и излета надвор од патеката, а потоа мораше да влезе во бокс и остана без бодови. Лоша трка имаше и Себастијан Фетел кој заврши како десетти.

Со победата на „Силверстоун“, Луис Хамилтон дојде до седмиот триумф на домашен терен и како Британец стана возач со најмногу победи на една „домашна патека“.

Следната трка во Ф1 ќе се вози наредниот викенд, повторно на патеката „Силверстоун“ во Велика Британија.