ВИДЕО: Хамилтон се заби во „ѕидот“, па им се извинуваше на механичарите

Воведниот дел од новата сезона на Формула 1 не ни ги понуди очекуваните возбудувања, а за тоа најголем „виновник“ е Мерцедес.

Двајцата возачи на Мерцедес славеа на сите досегашни трки, па се чини дека оваа сезона неодговорено останува само прашањето кој возач на британскиот тим ќе заврши на првата позиција, Луис Хамилтон или Валтери Ботас. 

Овој викенд на програмата е трката за големата награда на Канада, а на вториот тренинг во центарот на вниманието беше британскиот возач. Хамилтон по едно невнимание се заби во „ѕидот“, по што беше приморан да се врати во боксот. 

По деталните прегледи во боксот се заклучи дека болидот е сериозно оштетен, па Хамилтон спортски им се извини на механичарите, зашто е свесен дека инцидентот е  целосно заради негова вина.