Хамилтон сакал да се повлече од трката во Германија, но добил негативен одговор

Луис Хамилтон

Луис Хамилтон беше на лидерската позиција на патеката „Хокенхајмринг“ во Германија до 29. круг кога излета во последната кривина.

Лошите временски услови го натераа да влезе во боксот, а потоа и да побара да биде повлечен од трката. Причината за тоа барање на Британецот е вирус, од кој боледувал во текот на цел викенд.

На 11 круга до крајот од тимското радио му дадоа негативен одговор и му порачаа дека секогаш има можност за добар резултат.

На крај бранителот на титулата заврши на 11-тата позиција, но поради дисквалификација на други возачи, напредуваше две позиции и ја заврши трката со бодови.