Хамилтон рутински ја освои Барселона пред Ботас и Верстапен

Луис Хамилтон

Британецот Луис Хамилтон е победник на петтата сезонска трка во Ф1 шампионатот која денес се возеше на патеката во Барселона.

Бранителот на титулата уште на стартот ја презеде лидерската позиција од својот клупски колега Валтери Ботас и не попушти до самиот крај. Покажа голема смиреност и на рутински начин ја запиша третата победа оваа сезона.

На подиумот друштво на двата пилоти на Мерцедес им правеше Макс Верстапен од Ред Бул кој го доби директниот дуел со Себастијан Фетел и го остави на четвртото место.

Зад Германецот се пласира младиот Чарлс Леклерк, кој еднаш го претекна својот постар колега, но на крај ја заврши трката позади него.

Во генералниот пласман сега Хамилтон е нов лидер пред Ботас, а сега на третото место се искачи Верстапен кој им пркоси на двата пилоти на Ферари.