Хамилтон разочаран од Германецот: Фетел ги прекршува правилата!

Луис Хамилтон помалку среќно стигна до победата во Баку, но по завршувањето на трката изнесе низа критики за Себастијан Фетел. Британецот смета дека Германецот се однесувал неспортски додека на патеката било безбедносното возило, а со тоа ги прекршил правилата.

„Не може да се вози така, кога има сигурносно возило на патеката. Тој премногу прикочуваше, а со тоа се обидуваше да го измами возачот зад него, кој доколку го поминеше ќе добие казна. Истото го правеше и на трката во Мелбурн, кога за малку ќе се удрев во него. Правилата треба да бидат јасни, сите треба да ги знаеме и почитуваме“, изјави Хамилтон.

Луис Хамилтон пред преселба на најбрзиот циркус на европско тло и трката во Шпанија е на лидерската позиција со 70 бода, пред Фетел кој има 66, а на третата позиција е Кими Раиконен со 48 поени.