Хамилтон промени дел од моторот и ќе стартува десет места поназад во Турција

Хамилтон

Трката за ГН на Турција ќе се одржи овој викенд, а Луис Хамилтон ќе стартува десет места поназад од избореното место на квалификации.

Причина за ова е одлуката Мерцедес поради четврта промена на моторот оваа сезона. Се работи само за еден елемент, па затоа Британецот нема да тргне последен, како што беше случајот со Макс Верстапен во Русија.

Овој петок на програмата се два слободни тренинзи за екипите. В сабота наутро се вози третиот тренинг, кој е најава за квалификациите.

В недела е закажана трката на која Верстапен ќе се надева дека ќе го искористи хендикепот на ривалот за да го врати водството во генералниот пласман.