Хамилтон: Постојат несогласувања со Нико, работиме на нивно решавање

Светскиот шампион во Формула 1 шампионатот, Британецот Луис Хамилтон, свесен е дека односот со неговиот клупски колега, Нико Розберг не е на највисоко ниво. Тој признава дека постојат несогласувања, но двата пилоти работат на решавање на истите. Работата е толку сериозна, што го натера шефот на екипата, Тото Волф, да изјави дека ќе отпушти некој од возачите, доколку продолжат тензичните моменти.

„Не сум изненаден од зборовите на нашиот шеф. И двајцата сме возрасни и секогаш работиме со сите сили да постигнеме што подобри резултати. Сепак, мислам дека на крај ќе најдеме решение со Нико“ , изјави Хамилтон.

Хамилтон и Розберг, во минатата сезона, имаа неколку несогласувања, меѓу кои и последното во Абу Даби, кое настана поради тактиката за пневматиците на Британецот.