• Горан Упале
Британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон изјави дека е блиску дo постигнување на нов договор со Мерцедес.
Медиумите ширум Европа објавија дека Ферари му нуди на големиот шампион 40 милиони евра за следната сезона, но очигледно таа информација не е точна. Фредерик Васер, директорот на Ферари, веќе ја демантираше приказната за понудата, а исто така изјава даде и самиот Луис Хамилтон кој ги отстрани сомнежите.
„Мислам дека е нормално да има вакви шпекулации. Мојот тим преговара со Тото Волф веќе некое време и ние се многу блиску до договор. Фокусиран на мојата работа, така што имам тим од луѓе кои го работат тој дел и поради тоа сум во подобра позиција од порано бидејќи е многу стресно кога преговарате сами“, изјави Хамилтон.
Кога директно го прашаа дали добил понуда вредна 40 милиони евра од Ферари, тој категорички рече НЕ.
Инаку, Британецот веќе имаше голема промена во кариерата, кога во 2013 година од Мекларен премина во Мерцедес, со кој постигна голем успех. Формула 1 продолжува следниот викенд со Големата награда на Монако.