Хамилтон: Немам ништо против ако Мерцедесот пак биде „сребрен“

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, говореше за бојата на болидот и кажа дека нема да има никаков проблем ако Мерцедесот во иднина ја врати стандардната боја - сребрената.

Пред стартот на сезоната во 2020 година клубот го направи болидот во црна боја, за да покаже солидарност во борбата со расизмот. Но, постои голема можност за следната сезона да се вратат старите бои.

„Оригинално нашето име е „сребрените стрели“. Кога прашав лани дали може болидот да е црн, не очекував тоа да трае толку долго, а ние возиме такви болиди веќе втора сезона. Ако ги вратиме старите бои, тоа не значи дека се откажуваме од нашата борба против расизмот“, изјави Хамилтон.

Британецот оваа сезона води голема борба за тронот со Макс Верстапен од редовите на Ред Бул.