Хамилтон: Нема време за славење, нè чека уште многу работа

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е презадоволен од победата на трката за Големата награда на Катар и формата во која се наоѓа , но и целосно фокусиран на финишот на сезоната во Формула 1.

Откако минатата недела славеше во Сао Паоло, актуелниот шампион беше најбрз во Катар со што ја забележа својата 102 победи во кариерата. 

„Последните две недели беа фантастични. Но, нема време за славење, утре почнувам со нови тренинзи, мора да останеме фокусирани. Немам многу други емоции освен мотивација, но важно е што ги надокнаадив бодовите на последните две трки.

Ред Бул е сè уште многу брз, а тоа го видовте и на оваа трка, тие го имаа најбрзиот круг на трката, а двата болида лесно ги престигнуваат другите. Затоа велам дека имаме уште многу работа“, рече Британецот.

Со победата во Катар, на две трки до крајот Хамилтон заостанува пет бода зад Макс Верстапен, лидерот во генералниот пласман.