Хамилтон: Не размислувам за пензија, до смрт ќе бидам во Мерцедес

Луис Хамилтон иако веќе има 37 години, нагласи дека не размислува за пензија во Формула 1. Возачот на Мерцедес кој е рекордер во многу сегменти, има седум светски титули, исто како и Михаел Шумахер. Иако многумина шпекулираа дека Британецот може да се повлече уште по крајот на ланскиот трилер во Абу Даби, тоа не се случи, Хамилтон се врати на патеките и натаму покажува одлични перформанси. 

„Со години се зборува за мојата пензија, но во овој момент се чувствувам фит и фокусиран. Ја обожавам својата работа, не планирам да запрам наскоро. Ми се допаѓа мојата „долга врска“ со Мерцедес. Чувствувам дека се појавуват нови позитивни нешта. Мислам дека имаме многу работа пред нас, но и многу за постигнување. Ќе бидам во Мерцедес до денот додека не умрам. Чувстувам дека можам да продолжам да возам. Предизвик ми е пак да бидам шампион, на секоја битка за титула ѝ приоѓам како да е прва. Ниту еден возач во историјата не надминал седум, ќе се обидам јас да бидам тој“, рече Хамилтон.

Иако сезонава тргна лошо за Мерцедес, тимот успеа да „подмачка“ дел од проблемите, па Хамилтон и Расел го вадат максимумот од секоја трка.