Хамилтон: Не можеше да биде полошо, требаше да се слушам себеси

Луис

Луис Хамилтон беше бесен на својот тим, при влегувањето во боксот на трката за ГН на Турција. Британецот поради лошата прогноза на неговите соработници загуби неколку места и на крај заврши на петтата позиција.

По трката седумкратниот шампион изјави дека можеби требаше да го послуша својот инстинкт и да остане на патеката.

„Мислам дека требаше да останам на патеката. Моето чувство беше дека треба да останам и мислам дека требаше да го сторам тоа. Фрустриран сум затоа што не се слушав себеси.

Се чувствував добро на третото место и мислев дека ако останам таму, тоа ќе биде одличен резултат, со оглед на тоа што започнав како 11-ти. Ова е полошо, но можеше да биде полошо“, изјави Хамилтон.

Макс Верстапен заврши зад победникот Валтери Ботас и сега е нов лидер во генералниот пласман. На следната трка во Остин, САД, Холанѓанецот ќе има шест поени предност во однос на ривалот од Мерцедес.