Хамилтон најбрз во Катар, Верстапен со второ време во квалификациите

Хамилтон

Луис Хамилтон е освојувач на пол-позицијата на патеката „Лусаил“ за Големата награда на Катар.

Британецот со својот Мерцедес направи перфектен круг и зад себе го остави главниот ривал за титулата Макс Верстапен. На третата позиција заврши клупскиот колега на актуелниот шампион Валтери Ботас.

Во генералниот пласман води возачот на Ред Бул со четиринаесет бода повеќе во однос на британскиот конкурент.

Трката за Големата награда на Катар е закажана за утре со почеток од 14:00 часот.