Хамилтон најбрз на тренинзите, а тоа ветува интересен викенд во Турција

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон беше најбрз на двата слободни тренинзи на „Истанбул Парк“. Откако смени дел од својот мотор, Британецот веднаш ја докажа силата во својот болид, додека неговиот главен конкурент Макс Верстапен имаше мали проблеми на тренинзите. 

На првотово појавување на патеката, на утрешниот тренинг шампионот беше неприкосновен на врвот, каде што заврши прв со најбрзо време од 1:24,178. Веднаш зад него, но со 0,425 секунди заостанок беше Макс Верстапен, додека трет беше Шарл Леклер со 0,476 секунди поспоро време од Хамилтон. 

Иако на вториот тренинг возачите комбинираа со гумите, темпото беше побрзо. Хамилтон пак имаше најбрзо време, од 1:23,804, додека одличното темпо го потврди и Леклер со само 0,166 поспоро време. Тимскиот колега во Мерцедес, Валтери Ботас беше трет најбрз, пред Перез и Верстапен кој се соочуваше со проблеми. 

Со одличното темпо на возење Хамилтон најави интересен викенд. За потсетување, Британецот ќе тргне со десет места казна на гридот поради промени во моторот. Сепак, со брзите кругови најави вистински спектакл викендов во Турција.