Хамилтон најавува нов договор пред паузата во тековниот Ф1 шампионат

Луис Хамилтон

Луис Хамилтон ја започна новата формула 1 сезона со три победи на четирите одржани трки. Британецот засега го добива директниот дуел со Макс Верстапен, кој е единствен кој може да му парира на патеките.

Актуелниот шампион и натаму нема јасна иднина. Сака да остане во Мерцедес и најавува почеток на преговори и постигнување согласност за нов договор пред летната пауза во шампионатот.

„Не сакаме да брзаме, но мислам дека мора да бидеме разумни и да започнеме преговори. Ова се сложени разговори и се надевам дека ќе започнеме наскоро, сè додека тоа не се меша во работата што ја имаме пред нас.

Имаме уште 19 трки, но би било одлично да се направи нешто (околу договорот) пред летната пауза, за да можеме да одиме на таа пауза и да имаме јасна слика за иднината“, тврди Хамилтон.

Мерцедес не сака да се раздели со него и многу веројатно е дека ќе му ги исполни финансиските желби. Се шпекулира и околу неговиот нов партнер за новата сезона, кој треба да седне на местото на Валтери Ботас.

Хамилтон има 94 бода и стои на чело на генералниот пласман пред второпласираниот Макс Верстапен (80).