Хамилтон најави тешка година за тимот на Ферари

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави дека неговите трки и проблеми во Ферари ќе бидат болни и ќе траат до крајот на сезоната.

Британецот ја започна и заврши трката во Џеда на седмото место, триесет секунди зад тимскиот колега Леклерк, кој го освои третото место. Пред него беа победникот Оскар Пјастри од Мекларен и Макс Верстапен од Ред Бул.

„Не можам да земам ништо позитивно од трката, освен што Чарлс заврши на подиумот, што е одлично за тимот. Беше страшно, воопшто не беше пријатно. Само се лизгав наоколу. Со второто менување гуми имаше малку подобар баланс, но сепак немаше темпо. Прилично беше лошо“, изјави Хамилтон.

Шампионатот во Формула 1 продолжува на 4 мај со трката за Големата награда на Мајами.