Хамилтон на една титула од Шумахер, Британецот веќе е најголем на сите времиња?

Луис Хамилтон Ф1

Британскиот возач Луис Хамилтон продолжи со доминацијата во Формула 1 шампионатот. Трета сезона во низа се радува на шампионскиот трофеј, па сега стои на само една титула од легендарните седум на Михаел Шумахер.

Многумина во него гледаат како еден од најголемите возачи на сите времиња. Потврда за тоа ќе биде надминување на апсолутниот рекорд на Германецот во наредните неколку сезони. Доколку го направи тоа, нема дилема дека 34-годишникот ќе биде ставен на највисокотo место на пиедесталот меѓу легендите на спортот.

Зад своето име стојат шест светски титули, 83 победи и доминација која е ретко видена во историјата на Формула 1 спортот. Се шпекулира дека преселба во Ферари и победа со италијанскиот тим дополнително ќе ја продлабочи неговата легенда. Сепак, таков потег е далеку од идните планови на британскиот спортист.

Хамилтон е роден во Стевениџ, Велика Британија и ја започна кариерата како шампион на својата земја во картинг. Таму беше забележан од Рон Денис и Мекларен, кои не пропуштија да го ангажираат во својата екипа.

Во 2007 година дебитираше за првиот тим, покрај големата ѕвезда Фернандо Алонсо. Веднаш се наметна како голем талент и речиси и никој во него да не гледаше како новајлија.

12 години подоцна, не само што владее со спортот, туку е многу блиску до стане најдобриот кој некогаш застанал зад воланот на еден болид.