Хамилтон му реплицира на Розберг: Рекордите и победите говорат за мене

Луис Хамилтон, актуелниот Ф1-првак и возач на Мерцедес, возврати на коментарите на некогашниот колега Нико Розберг кој истакна дека Макс Вертсапен е подобар возач од Бртитанецот.

„Не ме интересира дали е во право или не, Розберг си има право на свое мислење. Но, сметам дека рекордите и победите говорат за мене, сами по себе. Постојат луѓе кои ги немаат моите успеси, а сакат да говорат за нив. Но, не е проблем, еднаш читав книга, која велеше ако луѓето говорат лошо за тебе, не треба тоа да допира до тебе, затоа што со тоа всушност тие говорат за самите себе“, изјави Хамилтон.

Хамилтон во изминатите години доминира во Ф1-спортот, а се наоѓа на прагот да освои нова титула во најбрзиот автомото циркуз.