ФОТО: Хамилтон му го подари својот болид на 5-годишно дете болно од рак

Мерцедес

Светскиот првак во Ф1, Луис Хамилтон, направи одличен гест по победата на последната трка која се возеше во Барселона.

Својот болид и шампионскиот трофеј му го подари на мало 5-годишно детенце болно од рак. Тоа се вика Хари Шо и е голема инспирација за Британецот кој победата на ГН на Шпанија му ја посвети на својот пријател.

Болидот „Mercedes-AMG F1“ пристигна пред домот на Хари кој се израдува на истиот заедно со неговиот татко.