Хамилтон ќе тргне од пол-позицијата за ГН на САД во Остин

Британецот Луис Хамилтон утревечер од 21.00 часот ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на САД во Формула 1, откако вечерва имаше најбрзо време на квалификациите на пистата во Остин.

Хамилтон возеше најбрз круг и со време 1:34.822 и пак ќе тргне ред сите. Себастијан Фетел на Ферари исто така обезбеди место од првиот ред, а веднаш зад него ќе тргнат Валтери Ботас и Даниел Рикардо. 

Од третиот ред ГН на САД ќе ја започнат Кими Раиконен и Макс Верстапен, а Фернандо Алонсо имаше деветто најдобро време и од петтиот ред ќе брка бодови.