Хамилтон: Кариерата на Леклерк потсетува на моите почетоци и ривалството со Алонсо

Хамилтон Леклерк

Овој викенд на програмата е четвртата трка во новата сезона од Формула 1 првенството.

Во пресрет на новиот собир на најдобрите светски пилоти, Луис Хамилтон влегува како лидер во генералниот пласман и голем фаворит за победата. Британецот во најавата зборуваше за Чарлс Леклерк од Ферари и направи споредба со неговите почетоци во шампионатот.

„Леклерк ме пшотсетува на мене и на моето прво доаѓање во Ф1. Тогаш бев дел од екипа заедно со Фернандо Алонсо. Уште веднаш сакав да победувам и да се борам за титулата против било кого. Тој вози одлично оваа сезона и тоа го прави во голем тим како Ферари. Мора да продолжи со напорна работа и да го чека својот момент. Тој сигурно ќе дојде.

Мојата филозофија секогаш била да бидам рамноправен без разлика на клупскиот колега. Леклерк во своето срце верува дека е најдобар и тоа е правилниот начин на размислување. Така да, како натпреварувач и победник, сметам дека не прави ништо лошо...“,  рече актуелниот шампион во Ф1 шампионатот.

Трката во Баку се вози в недела, а ден претходно закажани се официјалните квалификации по кои ќе биде познат стартниот ред на пилотите.