Хамилтон: Како мал ги гледав Сена и Шумахер, сега јас сум како нив

Британскиот Ф1-возач Луис Хамилтон дојде до шестата титула во најбрзиот автомото спорт, на трката за ГН на САД која се возеше во Остин.

Бранителот на круната ја заврши трката на второто место, зад клупскиот колега Валтери Ботас, но бодовите беа доволни пак да се биде шампион.

„Се сеќавам дека овој спорт го гледав како дете. Чудно е кога ќе се потсетам на шампиони како Сена и Шумахер кои ги гледав на ТВ и кога ќе сфатам дека сега јас сум како нив. Чувството да се победува е неверојатно“, изјави Хамилтон.

На Хамилтон му фали една титула за да се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер на „вечната листа“ на шампиони.