Хамилтон ја откри мааната на болидите на Ферари оваа сезона

Како и во претходните неколку сезони, така и оваа, екипата на Мерцедес има голема предност во однос на конкуренцијата. Проблемите во Ферари дополнително им ја олеснуваат работата на Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои веќе изградија значајна предност по само три трки во новата сезона.

Проблемот кај италијанската екипа според бранителот на титулата во Ф1 шампионатот е загубеното време во кривините.

„Мислам дека нашиот потенцијал е голем и дека до крајот на сезоната само ќе се подобруваме. Не знам за Рад Бул, но знам дека Ферари ќе биде блиску до нас. Не очекувавме да имаме предност во Мелбурн, ниту така лесно да славиме во Кина, но сметам дека на Ферари им требаат трки кои ќе им одговараат.

Нивните болиди имаат предност на рамните делови од патеките, но губат значително време во кривините. Ќе биде интересно да се види нивната стратегија во наредните неколку трки“, вели актуелниот шампион.

Наредната трка е заажана за 28 април на патеката во Азербејџан, а потоа следува Барселона каде се очекува Ферари да се врати во игра за титулата.