Хамилтон и Леклерк добија нови мотори за настапот во Џеда

Екипата на Ферари пред викендот во Саудиска Арабија реши да воведе значителни технички промени на болидите на своите возачи.

Се работи за нови елементи на погонската единица, кои би можеле да ја донесат потребната брзина и стабилност во Џеда. По петокот, италијанскиот тим препозна јасни слабости - особено кај Хамилтон, кој заврши само на 13-тото место на тренинзите.

Затоа, клучните делови на моторот се променети на двата автомобили: моторот со внатрешно согорување, турбополначот, MGU-H и MGU-K. Ова е прв пат оваа сезона Ферари да направи толку обемни промени во својот пакет за моќност.